GetResponse Email Marketing Solved
Пронајди Бизнис Кои сме ние Како до нас Реклами Пријава Регистрација English
БЕСПЛАТЕН ЛИСТИНГ
  Додадете Нов Листинг
За оние што сакаат повеќе
  Подобрен Листинг
  Премиерен Листинг
Книга - Директориум

 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ Читајте за Македонската сегашност, минато и иднина.
Кои сме ние (за нас)

MakBiz.net е интернационален интернет деловен именик на Македонските бизниси и професионални лица. MakBiz.net е комплетна дестинација за се што е Македонско, вклучувајќи: Фирми, Професионални лица, Цркви, Здруженија, Едукативни институции, Доброволни организации, Амбасади и Конзулати, Влада и Владини организации итн.

MakBiz.net е член на престижната група на компании “NAK“ лоцирана во Ричмонд Хил, Онтарио, Канада. Оваа група на компании ја раководи Никола Кубуровски. Никола е горд Македонец кој живее во Канада преку 35 години. Тој е активен учесник на Македонски организации и црковни комитети уште од 1990. Негова желба е да ги доближи сите бизниси и професионалци од Македонската комуна во Торонто, како и широм Канада, доведе до формирање на Канадско - Македонската Деловна и Професионална Асоцијација. Во 1992 тој беше представник на оваа организација на првиот Светски Македонски Конгрес кој се одржа во Скопје, Македонија.

Продолжувајќи со позитивен придонес во Македонската комуна, Никола Кубуровски, ја оформи Канадско-Македонската Деловна Мрежа во 1996 и го претстави првиот Македонски Деловен Именик на интернет.

Во 1999 тој го направи и првото издание на Македонско-Канадскиот Деловен Именик и моментално ја припрема следоната подобрена едиција

Користејќи ја моќта на интернет и на печатениот именик, Ник Кубуровски и Македонската Деловна Мрежа се посветени на градење на цврста интернационална Македонска Деловна Комуна.

Со појавувањето на MakBiz.net, Никола е сега спремен да го превземе следниот чекор во промовирањето и обединувањето на Македонските бизниси и комуни широм светот.

Нашата Мисија е:
  • да обезбедиме централна локација каде што Македонските бизниси широм светот ќе можат да ги промовираат своите бизниси на локално и меѓународно ниво.
  • да го претстави секој постоечки Македонски бизнис (или професионално лице) ширум светот со помош на бесплатните понуди за листинг во овој интернет именик
  • да обезбеди прифатливи и ефективни маркетинг солуции кои ќе им помогнат на Македонските бизниси ширум светот да постигнат поголем успех.
Flowers By Sylvia
Macedonian Film Festival
Услови за користење на MakBiz.Net | Рекламирајте се кај нас